Александра и Јелена

За нас

Рацете зад
Лолис

Лолис го водиме ние двете, Александра и Јелена. Немаме лента за производство, немаме машина што штанца по илјада парчиња на час. Имаме тенџере, калапи, термометар и многу трпение.

Секоја нарачка ја земаме лично. Затоа понекогаш ќе ве замолиме за неколку дена повеќе — но и затоа ниту едно лижавче не излегува од работилницата ако не би го дале на сопственото дете.

Како настануваат

Од шеќер
до уметност

01

Идеја

Ни ја кажувате пригодата, бојата и пораката. Заедно ја оформуваме идејата.

02

Шеќерот

Шеќерот го вариме на точна температура — таму се раѓа бистрината како стакло.

03

Обликување

Секое лижавче се лее и обликува рачно, едно по едно. Без машини.

04

Украсување

Посипки, бисери и ситни детали што го прават вашето — ваше.

05

Пакување

Целофан, панделка во боја по избор и картичка со вашата порака.

Каде сме

Поминете кај нас

Работилницата ни е на Партизански одреди. Јавете се пред да дојдете — често сме до тенџерето.

Мапата се вчитува…